Од утре се укинува полицискиот час, од четврток со работа започнуваат угостителските објекти

Loading...

Од утре и официјално ќе биде укинат полицискиот час, пред малку на прес конференција информираше пред малку премиерот Оливер Спасовски
Од четврток отпочнуваат со работа угостителските објекти, односно со прецизно утврдени протоколи, истакна Спасовски.
Од 1 јуни, пак, на работа се враќаат сите што работеа од дома. Ова не важи за хронично болните и родителите на деца до 10 години, до почеток на работа на градинките.
Се укинува и карантинот за вратените македонски граѓани кои се враќаат со „хуманитарните“ летови, со прикажан негативен тест и самоизолација.
Објасни дека овие одлуки на владата се базирани врз основа на исполнети услови и анализи.

loading...