Од утре стабилизација на времето, во недела температури до 30 степени

Loading...

Од УХМР прогнозираат дека од утре ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура. Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе биде помеѓу 20 и 27 степени Целзиусови.
Во сабота ќе биде претежно сончево со минимална температура од 4 до 13, а максимална од 22 до 29 степени.
Веќе во недела времето ќе биде сончево и топло. Минималната температура во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.

loading...