Од 1 октомври во оваа држава не смее да се пуши на терасите на зградите

Од 1 октомври во Русија стапува во сила забраната за пушење на терасите на станбените згради.
Новите мерки се дел од измените на противпожарните прописи, а според Би Би Си, пушачите во Русија биле изненадени од одлуката.


Според новите правила, „отворен оган“ е забранет на терасите на зградите, како во станбените простории и хотелите. Палењето кибрит и пушењето, исто така, се окарактеризирани како „отворен оган“, а со новите прописи се забранува и правење скара на отворено и палење свеќи.

Loading...