Од 11 часот почнува продолжениот полициски час

Loading...

Се ситнат последните саати до стапувањето во сила на продолжениот карантин. Полицискиот час денеска почнува од 11 часот, а ќе трае до вторник до 05 часот изутрина.
Со одлука на Владата забраната за движење е пократка од препораката на Комисијата за заразни болести која првично предложи полицискиот час да почне од сабота во 19 часот, а да трае до вторник наутро.
Утринските часови во кои е дозволено движење, меѓудругото се користат и за верските обичаи на муслиманите, кои денеска го празнуваат Рамазан Бајрам.
Утринските молитви, според препораките на ИВЗ, не смеат да траат повеќе од 15 минути и треба да се почитуваат мерките за лична заштита, како носењето заштитни маски и држење дистанца.

loading...