Од 15 ноември стапува на сила обврската за поседување зимска опрема во возилата

Од 15 ноември 2025 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на одредена зимска опрема во возилата.

Доколку не се почитуваат правилата за употреба и одржување на зимската опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, според истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден глобен платен налог во износ од 45 евра во денарска противвредност.

Според законските одредби и Правилникот за задолжителна зимска опрема, возилата со максимална дозволена маса што не надминува 3.500 килограми мора да имаат зимски пневматици – пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm или, доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарите од 4 mm, синџири за снег што одговараат на големината на погонските тркала.

Моторните возила со погон на сите тркала (4×4) мора да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 6 mm или летни пневматици со минимална длабочина на шарите од 4 mm ако возилото има синџири за снег барем за задната оска, во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала или синџири за снег барем за погонските тркала кога возилото има систем за склопување на погонот.

Возилата со маса поголема од 3.500 кг мора да имаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 6 mm или, доколку возилото има летни гуми со минимална длабочина на шарите од 4 mm, мора да имаат синџири за снег соодветни на големината на гумата.

Автобусите и камионите што не можат да монтираат синџири мора да имаат зимски гуми на активните тркала и комплет алати.
The post Од 15 ноември стапува на сила обврската за поседување зимска опрема во возилата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: