Околу 100.000 Чеси демонстрираа во Прага против ЕУ, за воена неутралност и евтин руски гас

Во центарот на Прага денеска се одржа голем протест со барање до 25 септември владата на чело со Петр Фијала да поднесе оставка.

„Целта на нашите демонстрации е неопходноста од промени. Најпрво, решавање на проблемите со струјата и гасот што ќе предизвикаат уништување на нашата економија веќе оваа есен. Побаравме од премиерот Петар Фијала да преговара со нас, но немаме одговор. Затоа ќе бараме оставка од владата“, изјави Јиржи Хавел, еден од организаторите на протестот.
Околу 100.000 Чеси демонстрираа во Прага против ЕУ, за воена неутралност и евтин руски гас

Доколку тоа не се случи, организаторите најавија дека на 28 септември ќе се организираат протести низ целата земја и дека во согласност со Уставот на Чешка ќе повикаат на граѓанска непослушност.

Затоа веќе почнавме да преговараме со синдикатите, претприемачите, земјоделците, транспортните работници и други организации за да прогласиме генерален штрајк, изјавија организаторите.

„Целта на нашите демонстрации е неопходноста од промени. Најпрво, решавање на проблемите со струјата и гасот што ќе предизвикаат уништување на нашата економија веќе оваа есен. Побаравме од премиерот Петар Фијала да преговара со нас, но немаме одговор. Затоа ќе бараме оставка од владата“, изјави Јиржи Хавел, еден од организаторите на протестот.

На денешниот масовен собир присуствувале 100.000 луѓе, информираат организаторите, додека полицијата соопшти дека има 30.000 помалку.

Говорниците, меѓу кои имаше политичари, научници и јавни личности, ја обвинија владата за енергетската криза и високата инфлација и ја повикаа владата веднаш да започне преговори со Русија за краткорочни договори за снабдување на Чешка со поевтин гас и нафта.

Владата е обвинета дека води политика што е спротивна на националните интереси, поради што и е наредено да бара неутрална позиција во однос на војната во Украина.

Премиерот Фијала, кој ја предводи централнодесничарската коалиција од пет партии, изјави за чешката новинска агенција ЦТК дека оние што демонстрираат и бараат оставка од владата не ги земаат предвид интересите на земјата.

„Протестот беше повикан од проруски групи, блиски до екстремни позиции, кои се против интересите на Чешка“, рече Фијала.

Главното барање на организаторите на овој протест „Прво Чешка“ е коалициската влада на премиерот Фијала да поднесе оставка, да се смени надворешнополитичката насока на земјата кон Русија, од која се очекува евтин гас и Чешка да прогласи воена неутралност, но и да почнат да носат одлуки независно од Светската трговска организација или ООН.

Чешка мора да се ослободи и да не биде директен политички субјект на ЕУ, СТО и ООН“, стои во поканата за протестот.

Како прво итно барање, освен итна оставка на владата, демонстрантите поставија владата во оставка да овласти експерти од радикални националисти, комунисти и други антисистемски движења и иницијативи да склучат договор со Русија во име на Чешка за итна испорака на евтин гас.

Тие бараат и заминување на чешките производители од европските берзи за електрична енергија и да се ослободи целата чешка економија од странски капитал и компании.

Демонстрантите дојдоа на плоштадот Вацлав опремени со тапани и свирчиња, национални знамиња и скандираа да се отстрани украинското знаме од Националниот музеј на врвот на плоштадот, каде што стојат противниците на демонстрантите.

На транспарентите има и пораки до Владата дека „веќе се преврива водата за секоја свиња“, а исклучок не се антиукраинските пораки како на пример барањето владата „да престане систематски да го разводнува чешкиот народ со украинците“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.