Околу 80 починати од труењето со алкохол во Либија

Loading...

Бројот жртви затруени од фалсификуваниот алкохол во Либија според последните податоци достигнал 79 починати и вкупно околу 700 затруени, пренесува Associated Press во средата повикувајќи се на шефот на безбедносните служби во либиската престолнини Триполи, полковникот Махмуд ал-Шариф.

 
Претходно во понеделникот, либиското министерство за здравство извести за 51 сметен случај и 378 случаи на затруени со алкохол, од кои многу останеле слепи, неколкумина биле во кома и повеќе во критична состојба. Смртта кај жртвите настапила главно поради откажувањето на работата на бубрезите.
Меѓу починатите десет се жени, државјанки на Либија и други арапски земји. Меѓу починатите, покрај граѓани на Либија, регистрирани се и државјани на Тунис и на Алжир. „Шестмина осомничени се уапсени, а продолжува истрагата за ова дел”, додал ал-Шариф.
 
Забележливо е дека по соборувањето на режимот на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, трговијата со алкохол и дроги значително се зголемила во Либија.
Продажбата и консумирањето на алкохолните пијалаци е забрането во Либија, меѓутоа криумчарениот алкохол редовно доаѓа на црниот пазар на кој се продава фалсификуван алкохол, кој често се произведува во домовите или во нелегални погони сокриени далеку во пустината.
Според првичните информации, изворот на труење може да е локален алкохолен пијалак наречен „боха” (bokha) произведен во градот Гаргареш.
Макфакс
Бројот жртви затруени од фалсификуваниот алкохол во Либија според последните податоци достигна

loading...
Loading...