ОЛИВЕР АНДОНОВ: Зошто така пед*ру?

(им се извинувам на припадниците на ЛГБТ,

ова е метафора која се однесува на политикантска и човечка

морална карактеристика, која е падната до дното)

Многу ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ се занимава само со себе и со самото тоа не остава простор да го разобличувам и водам битка против СДС-криминално, едноставно е. Колку подолго Мицкоски и неговото раководство во ВМРО-ДПМНЕ опстојуваат толку подолго на власт ќе си седи Ковачевски (пардон Заев) со криминалното СДС. Затоа е неопходно до крај да се демистифицира Мицкоски за да се издигне како Феникс ВМРО-ДПМНЕ и со чиста идеја и идеологија го урне криминалното и анационално СДС. Дотогаш ќе се препелкаме во нашата жабокречина при очи како без очи не гледајќи како политикантите не маткаат во ефтината театарска претстава.

ОЛИВЕР АНДОНОВ: Зошто така пед*ру?

Кога ќе се навратам наназад кон моите колумни во изминативе години, воопшто не сум воодушевен од фактот што сум правел точни анализи на политикантското миље во нашата Македонија. Напротив, многу сум разжалостен што сум бил во право.

Токму од таа причина и насловот на оваа колумна (пред колумна или вовед) е: „Зошто така педеру“? Истиот се однесува и е директно (по скопски, улично, на ферка или „жими очи па во очи“) насочено во облик на прашања кон Мицкоски.

Зошто си толку гооолем педер кон сопственото членство? Зошто толку многу го мразиш ВМРО-ДПМНЕ, за да можеш до толку да бидеш педер кон партијата за чии претседател се претставуваш? Зошто не понесеш конкретна и лична политичка одговорност со поднесување на оставка? Зошто бе педер еден го излажа членството и пред само 11 месеци му ја наметна Данела на последите локални избори? За сега ли повторно по кој знае кој пат да ја дефакторизираш партијата и тоа исклучиво и само заради твоите (и на непосредно твои блиски) лукративни цели. Поради твоето педерско однесување сега повторно ќе настрадаат градоначалници и директори (каков-таков кадар на ВМРО-ДПМНЕ) кои беспоговорно ти веруваа до сопствена глупост, а ти како и оние од „делчевските ниви“ ќе ги пуштиш низ вода. Впрочем, ти ја пушти Македонија низ вода, но во оваа прилика нема да ти ги набројувам сите твои „тешки стратешки грешки“ што би рекол другар ти Заев, а кои ги направи намерно. Кога тоа ќе го „укапираат“ ќе прозборат, но тогаш повторно ти ќе се ценкаш со компањонот ти Заев за да останеш на слобода. Што ќе биде цената пер? Да ја доурнисаш ВМРО-ДПМНЕ? Ма не, тоа веќе го правиш, ќе да биде да му помогнеш на Заев да стане претседател на државата?

За неверните Томи по оваа кратка колумна ќе ја ре-објавам мојата колумна од почетокот на Септември 2021 година насловена како „Кандидати“, за да ве потсетам сите вас пред се мои сопартијци дека и тогаш како и сега сум потполно во право, а на вас и вашата чест и совест останува дали ќе разберете и делувате. Посебно на оние во Централниот комитет, за оние во Извршниот комитет на Мицкоски знам дека нема морал и етика, таму Мицика плаќа со „крававо заработените“ пари за да го подржуваат да остане на местото не статутарен претстедател на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто бе пер дозволи и Данела на ВМРО-ДПМНЕ да му покаже „му….“, па по ГРОМ и Стевче јавно да уринираат по сите нас? Да ни покажуваат колку ВМРО-ДПМНЕ со тебе и твоите послушници кои се претставуваат за раководство е отидено у…. Дека ВМРО-ДПМНЕ, односно поточно ти како беден политикант остана без било каков политички кредибилитет и со тоа и капацитет за коалицирање со некого во политичкиот жабокрек. Секако, освен со Заев другар ти. До каде тоа ја доведе партијата заради твоја и на некои други компромитираност? Зошто не го послуша советот од пред неколку месеци па не ја растури „коалицијата“ со Данела, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во предност и политички во подобра позиција (иако со тебе никогаш не беше во добра позиција)? Затоа ли што ти беа важни парите, а тоа што ги заглавуваш директорите и градоначалниците не те загрижува? Баш педерски од тебе и кон партијата, но и кон луѓето. Сепак, колку и да се недоветни па ти веруваат, а некои од нив сеуште се трудат да ти ја докажат „лојалноста“, наши сопартијци се и луѓе се со свои семејства и животи. Педерски од тебе што ги жртвуваш за своите лукративни цели, напоменувам лукративни, не политички цели или одбрана на Македонија. Напоменувам за да подоцна кога „ѓаволот ќе дојде по своето“ не го мамиш членството дека се врши политички прогон, и да божем ти пер ги браниш.

Зошто кога јавно ти напишав (ќе прочиташ повторно во ре-објавата подолу) дека Данела не е наша а и независна ем надпартиска и дека преку нејзиниот избор за градоначелник на Скопје покрај другото, треба да се случат и некои решенија во Идриз беј, ти како и вообичаено игнорираше предупредувања и ги лажеше партиските членови колку е наша дур до трето колено. При тоа го истураше напред „да повлече нога“ еден од твоите потпретседатели. Е па еве, за да знае членството и јавноста и тоа се случи, Тоа што требаше да се случи во казаматите на Идриз беј и се случи, некој излезе, а некои божем влегоа. Згора на се, сега пак Данела не ти чини и се обидуваш со ефтин ПР да и вадиш работи кои ти беа познати уште пред да ја поддржиш-наметнеш за „независен“ кандидат. Само што сега и таа ќе ти извади за тебе, затоа што пер не си чист, па ќе гледаме бурлески во ВМРО-ДПМНЕ наместо да се бориме против СДС криминално. Е така е кога си играш со педери, педерски ќе завршиш, да не кажам друг збор де.

Твојата обврска која си ја презел во коалицијата ЗМ да ја уништиш ВМРО-ДПМНЕ е дотолку повеќе педерска затоа што тоа уништување го правиш преку криминализација на партијата со која божем раководиш. На тој начин обидувајќи се себеси да се извлечеш сите од партијата (посебно твоите проверени кадри – послушници) ги правиш криминалци, а на тој начин и партијата ја претставуваш како криминална структура која не треба да постои дури ниту на ваква политикантска сцена каква што е во Македонија. Со сите сили се трудиш да ја израмниш ВМРО-ДПМНЕ со СДС-криминално, па дури и да ја направиш и полоша. Во овој твој педерски потфат, перко низаеден немаш ниту ронка срам, а не пак морал и етика кон членството на партијата.

Најдобар пример-доказ за тоа што ти му го правиш на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што денес и се случува во пракса на партијата која наместо да го урива СДС криминално се занимава со себеси во Скопје. Да го трампаше Скопје за оние клетници од 27-ми Април, кој гнијат во занданите, ајде де ќе имаше оправдание но, уништувањето на ВМРО-ДПМНЕ за божемните притвори и „казните“ затворски на Мијалков, Камчев, Кочан, е така веќе не може ПЕДЕРУ!

На денот на Св.маченик Мамант и Св.Јован Постник

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

Во продолжение следи колумната од почетокот на септември 2021 година, насловена како КАНДИДАТИ. Ви препорачувам внимателно да ја прочитате за да ви бидат појасни состојбите.

КАНДИДАТИ

Политиката предполага различни гледишта,

ако не за крајните цели,

тогаш барем за најдобрите средства да се стигне до нив.

Блексвелова енциклопедија на политичка мисла

Токму оваа колумна драги мои сограѓани и сопартијци (посебно вам ви се обраќам) во својот вовед ви укажува на тоа што е суштината на политиката. Тоа не е голиот интерес, лукративните цели, личните интереси, туку крајните политички цели од интерес на сите граѓани, нацијата и државата. Да се запрашаме дали имаме исти цели со лидерствата на политичките партии, а посебно да се запрашаме дали во нашата или вашата (ова вашата е за оние од СДС) политички партија ги избравме најдобрите средства да стигнеме до тие цели.

Средствата се различни, но во овој случај и во оваа колумна кандидатите за градоначалници се конкретните средства на политичките елити (и во власта и во опозицијата) за остварување на целите (какви не е јасно, но сигурно не се наши).

Токму пишувајќи ја колумната се случи неверојатна трагедија. Несреќа која во нормални држави не се ниту помислува дека може да се случи. Да настрадаат во пожар четиринаесет луѓе во болница е незамисливо нешто за уредени и организирани држави. Токму во нашата Македонија поради неспособноста, неграмотноста, неодговорноста на Црпко – 33ти (кој се претставува како премиер на Македонија) и неговите директори на ДЗС (Дирекција за заштита и спасување) и ЦУК (Центар за управување со кризи), како и неговиот коалициски градоначалник во Тетово, неговиот министер Великиот врач Филипче, се случи страшна трагедија. Е па повелете сега Црпко-33ти и Баба Али да им објасните на семејствата на настраданите, но и на целата Македонска јавност како се случи ова, а уште повеќе зошто се случи и кој ќе понесе одговорност или само формално Великиот врач ќе поднесе оставка, а до повторно заседавање на Собранието што значи до после избори нема да се ефектуира, а за тоа потоа, може и да се заборави. Упорно лажете, манипулирате и бладате, како што вие бладавте на комуњарската парада која ја организиравте во ваша чест, а божем заради одбележување на 8-ми Септември денот на независноста на Македонија. Се ви беше во комунистички манир и кореографија, само недостасуваше народ, токму оној народ Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Македонската нација која до крај ја пониживте. Дури и на овој свет и величествен ден се испоганивте врз идеалот на генерации Македонци, не реагирајќи соодветно поради што се случи катастрофа за Македонски услови, додека вие глумевте политбиро на првомајска прослава. Очигледно вашите умови во криминалното СДС се застанати во времето на Сталин, оние на ДУИ се веројатно сеуште Ленинистички. Очигледно добро сте си погодени. Што да ве праша човек? Дали за една ваква трагедија која е слика на вкупните сосотојби во државата Македонија, ќе падне целата оваа компромитирана влада, барем како мал знак на етичност? Зошто немате планови за евакуација од модуларната болница во Тетово, имате ли воопшто планови за евакуација, составени тимови, извежбани супозиции за реакција при било кој вид на несреќи и катастрофи во било која институција? Однапред ги знам одговорите, НЕМА и НЕМАТЕ.

Немате ништо, дури ни совест, но имате силна желба да ги добиете претстојните избори. Е, навистина кој за вас ќе гласа, му се извинувам на директноста, но не сум убеден во неговата чиста свест и здрав разум, веројатно се работи за многу нечиста совест и крајно лукративни побуди.

Сега да се вратам на замислата за колумната и пред се за тоа дека на свој начин Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ и покрај енормните глупости на Црпко-33ти ќе му помогнат на истиот да се заборават сите будалаштини, национални предавства, економски урнисувања, криминали и корупција и потполна неспособност, па дури и човечки животи, за да може Црпко-33ти да успее на локалните избори, да се оправда преку потврдување на легитимноста на неговите будалаштини кои ги нарекува политики.

Зачудува (или можеби не) однесувањето на опозицијата, која очигледно сака криминалното здружение СДС+ДУИ да победи на претстојните локални избори и Црпко-33ти да си ја легитимизира својата политика на уништување и криминал во Македонија.

Да, токму така може да се протолкуваат чекорите кои ги прави Мицкоски и раководството на партијата наспроти архи измамникот Црпко-33ти. Како на друг начин да ја протолкуваме активноста на ВМРО-ДПМНЕ кон сопственото членство на локално ниво, а особено со собирањето на потписи за „независната“ ем „надпартиска“ Данела Арсовска за кандидат за градоначалник на Скопје? Нема да добиеме одговор, но еве ќе појаснам.

Прво, доколку Данела Арсовска беше позната и прифатлива за граѓаните на Скопје, самата таа ќе си собереше потребен број потписи за поддршка на независната кандидатура. Потоа, со максимален број на експресно собрани потписи ќе отидеше кај Мицкоски и ќе предложеше програма за Скопје со предлог да биде независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. На ова пак, Мицкоски ќе дадеше на централните партиски комисии да ја разгледаат програмата на Арсовска, на ИК ќе му предложеше нејзино прифаќање, а пред Централниот комитет на посебна седница ќе отвореше расправа за предлогот при што ќе се разгледуваа сите аспекти дали треба или не треба да се прифати понудата на Арсовска да биде кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, како и нејзината програма и компатибилноста со политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Второ, доколку Мицкоски сакаше да ја предложи Арсовска за кандидат од ВМРО-ДПМНЕ можеше да ја зачлени во партијата, да ја промовира на ниво на Градски комитет Скопје (кој патем не знаемe дали функционира) и за неколку месеци да го запознаеше членството и организациската структура на партијата по што ете така по брза постапка ќе станеше наш партиски кандидат успешно и ново лице и жена за градоначaлник на Скопје, а во така подготвени услови веројатно и прва жена градоначалник.

Но, очигледно не е планот да се успее, па на секој начин треба да се направи што поголема забуна и кај членството и кај неопределените гласачи, па згора на се сега и по медиумите да се забавуваме со нејзиното место Почесен конзул на Унгарија или чија е Данела? Уште и самата таа со несмасни изјави ја дополнува збрката. Одлична основа за плетење приказни и дополнителна штета на поголемо и повисоко ниво. Некако ова ми личи, мноогу ми личи дека свои прсти во ова има замешано лицето Б.Ц. познато како Папата, со оглед на ликовите кои се во опкружување на Арсовска, мнооогу сум сигурен во тоа. Но, за ова објаснување треба да даде Мицкоски.

Веројатно затоа дојдовме до тоа ВМРО-ДПМНЕ да и собира потписи за независен кандидат кого токму ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржува во отсудната битка против онаа пијана сподоба Шилегов и тројанските коњи Перо – Камиказа и Бени за кои во однос на идеите за Скопје нема што да се каже и анализира. Одтука е се јасно, дури и членството на ВМРО-ДПМНЕ се доведува во принуда да мора да потпишува, а потоа истрча за Арсовска која не ја прифаќа, а како потврда имавме можност да видиме како Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за да ги убеди партиските членови, јавно излегува на медиуми и вели дека тој и неговото семејство ќе се потпишат за Арсовска. Персонално земено негова одлука, но пред воопшто ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да донесе одлука за прифаќање на Арсовска и нејзина поддршка од страна на партијата, нејзиниот потпретседател излезе во јавност со поддршка на „независен“ кандидат. Е па Кендо да ти кажам дека твојата постапка е во спротивност со Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и според последните измени на истиот од Август 2020 година ти треба да бидеш исклучен од партијата. Доколку тоа важи за независните кандидати во Илинден, Македонски Брод, Кратово, Македонска Каменица и многу други од внатрешноста кои излегуваат и со независни листи, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ и раководството креира политика на јавна диференцијација од партијата на овие дури и истакнати долгогодишни членови и успешни функционери на партијата, зошто би било различно со потпретседателот. Но, тука е веќе во прашање етиката, внатрешната политика во партијата и над се способноста за обединување и менаџирање со луѓето, а не нивно искористување и злоупотреба. И што правиме сега? Кој е овде луд, а кој збунет?

За срамот дека најолемата партија и државотворна, империјална партија ВМРО-ДПМНЕ по цела деценија на власат нема свој кандидат за градоначалник на Скопје, покрај двата успешни и најуспешни мандати на Коце Трајановски што да се каже? Кој ќе носи одговорност доколку Арсовска по евентуалната победа (во која се сомневам) не ги спроведува политиките на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје (а да ве потсетам се сѐ политики, од јавни политики, преку урбанистички, економски, социјални, образовни итн.)? Кој ќе понесе одговорност доколку Арсовска ги изгуби изборите или ќе биде, „па не беше наш партиски кандидат“? Можеби и тоа е идејата за да се реализира договорот на коалицијата ЗМ, а кој поминува низ казаматите на Идриз бег нели? Натаму драги мои Скопјани сограѓани и сопартијци размислувајте самите што ќе правите. Но, овој однос да се избегнува политичка одговорност за изгубени избори и погрешни политички одлуки, нешто многу ме потсетува на неодговорноста на Црпко-33ти кон Македонија.

Како да ја протолкуваме „пулитиката“ на Мицкоски кога се согласи Митко Јанчев да го кандидира за кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ?

Има ли договор со Црпко-33ти да си имаат заеднички кандидат во Кавадарци што би требало да биде симбол на „помирување“? Ова затоа што не слушнав дека криминалното СДС има свој „силен“ кандидат за Кавадарци. Па нели Мицкоски кажа дека не се помирува со криминалци и предавници, за што силно го поддржувам. Можеби дошло до промена во политичките ставови на Мицксоки, а за тоа не кажал јавно? Можеби Мицкоски сега смета дека Митко бил во право кога ги поддржувал политиките на Црпко-33ти во однос на референдумот, на промената на името, на економските политики кои се „епохално успешни“? Дали се согласува со ставот на Митко дека „Заев е најдобар премиер“, и за тоа дека со Црпко-33ти ќе бидеме Швајцарија? Дали Заев престана да е криминалец и мафијаш на власт?

Доволно прашања на кои треба Мицкоски да одговори, за да се разјасни неговата лична политичка позиција и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во контекст на предлогот Јанчев да биде кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Не е коректно Мицкоски да се „вади“ на желбата на граѓаните на Кавадарци, ако е така, зошто ја игнорира волјата на граѓаните во други општини, ајде да не се правиме на мутави, да се задржи минимум коректност и ненавредливост кон граѓаните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната интелегенција.

Мојот заклучок од приложеното во практика е дека тоа што Мицкоски го поддржа Јанчев за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци и тоа што ИК и ЦК го прифати покажува само дека раководството на партијата се согласува со политиките на Црпко-33ти и тоа го признава, па макар и посредно. Не можам да извлечам друг заклучок од оваа политика на Мицкоски и раководството на партијата, а би сакал да ме демантираат со факти секако. Некогаш е поважна честа, етиката, достоинството и угледот на партијата и нејзината конзистентна политика, а не победата. Очигледно дека во ЦК (ИК не го сметам за релевантен, таму има луѓе ставени на бел леб, па потполно се послушници) седат луѓе кои или не знаат што им се случува, или не гледаат подалеку од вратата, или се замаени од својата партиска функција или пак едноставно се дел од свесното уривање на партијата и државата. Но, како и да е, да не заборават дека носат полна одговорност за своите постапки, бидејќи не сметам никого од нив во ЦК за малоумен и недоветен. Тоа што не стануваат да дискутираат и да се изборат за партијата, граѓаните, Македонија и соодветни политики е нивен личен хендикеп кој се нарекува послушништво, но тоа не ги оправдува од одговорноста за поддршката на погрешните политики на Мицкоски и дел од раководството на партијата.

Не ми е баш јасно ниту онака „бенигното и наивно“ промовирање и фалење од страна на некои партиски структури и особено портали и медиуми на Максим Димитриевски како сега независен кандидат за градоначалник во Куманово. Аман луѓе, па дури сега на Максо му текна дека СДС е бизнис – криминално здружение. Ајдее, сега му дојде од газот во главата, а ние веднаш треба да го глорифицираме и десните медиуми да го промовираат и фалат, а ВМРО-ДПМНЕ има свој кандидат во Куманово или можеби некој од партија се обидува одвнатре да го стави Тони – Шанац на продажба или ценкање. Каква е логиката од ваквото однесување кое во најмала рака е инфантилно и збунувачко за членството и граѓаните.

Од друга страна пак во Карпош одиме со кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во исто време кога за кандидат имаме наш коалиционен партнер. Повторно како раштиман оркестар или сакаме намерно да ги поделиме коалиционите гласови во Карпош и да му помогнеме на криминалното СДС или можеби на подолг рок некој планира да го намали нашиот коалиционен капацитет со сите последици кои ги носи тоа.

За да не ја ширам, ве оставам вас членовите на ЦК (аминувачи) во тишината на сопствениот дом и сами со својата совест без лукративни мотиви да се преслушате себеси дали правилно постапувате (верувам дека ќе си најдете оправдување). Потоа, немој да се прашувате зошто поедини Општински комитети во критичен момент се во оставка, откажуваат партиска соработка (игнорираат насоки), никој не се нафаќа да биде кандидат за градоначелник, неможе да се најдат доволно набљудувачи за денот на избори и ред други проблеми кои реални ги имаме на терен или најповеќе од се зошто членовите, некои локални раководства, па дури и колаициони партнери се чувствуваат измамено – излажано. Како резултат на тоа надвисната е опасноста од растурање на коалицијата веќе пред избори, а не пак создавање на „ново парламентарно мнозинство“.

Да ги спротивставиме гледиштата за остварување на крајните цели на ВМРО-ДПМНЕ. Штета што тоа не го практикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сме тука каде сме, но сеуште се надевам дека имаме исти крајни цели, а тоа е уривање на Црпко-33ти и криминалното здружение СДС+ДУИ и возобновување на Македонија. Само со апсолутна победа ќе го делигитимизираме Црпнатиот и неговите „политики“ во Македонија.

Бог да ги прости сите кои загинаа во трагедијата во болницата во Тетово, а на нивните семејства да им даде утеха и смирение.

Да ни е вечна Македонија и честита триесет годишнина независност.

Во дванаесетата недела по Педесетница (на денот на Преподобен Христофор Римјанин)

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.