Оливер Спасовски ги најави изборите за 5 јули

Loading...

Оливер Спасовски ги најави изборите за 5 јули

Во обраќање во живо, кое беше пренесено и на Фејсбук, Оливер Спасовски најави избори веднаш по завршувањето на „вонредната состојба“. Рече дека по завршувањето на вонредната продолжуваат да течат роковите за избори и било какво пролонгирање не е возможно.

„Тоа е единствена опција пропишана со закон, и не постои друг правен механизам. Ако прецизно се одброи,  тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули. Било какво пролонгирање не можно ниту од правен, ниту од праведен аспект. Секој термин на избори кој ќе навлезе во летниот период ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе се спротивстави со правото на летен одмор. Избори наесен се опасна идеја по здравјето на граѓаните и економијата“ – додаде Спасовски.

Истовремено го обвини Мицковски за заботажа на датумот, повикувајќи го да се вразуми и да се подготви за изборите.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...