Омилениот џемпер ви се собра по миењето? Совети како да го вратите во „нормална“ состојба

Не очајувајте, постои решение за вашиот проблем
Зимските денови пристигнаа, а со нив и потоплата облека.

Одржувањето на дебелата зимска облека не е лесно, па може да се случи џемперот да го испереме на погрешна температура, што може да предизвика негово собирање.
Но, не очајувајте. Тоа не значи дека треба да го фрлите.

Омилениот џемпер ви се собра по миењето? Tрик како да го вратите во „нормална“ состојба

Можете да се обидете да го вратите смалениот џемпер во првобитната состојба со користење на трикот со регенератор за коса.
Прво натопете го џемперот во леген со пет литри вода, а потоа додадете два децилитри балсам/регенератор за коса.Додека е во вода, развлечете го од сите страни, па оставете го преку ноќ во легенот.

Наутро повторно развлечете го џемперот, обликувајте го со раце и оставете го да отстои уште 45 минути.
Исплакнете го со ладна вода, а потоа исцедете го со крпа. После тоа, оставете го да се исуши.

Пронајдете не на следниве мрежи: