Определен е 30 дена притвор за Владимир Панчевски

Loading...

Определен е 30 дена притвор за Владимир Панчевски

Велешкиот суд на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски му одреди триесетдневен притвор. На денешното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во Основиот суд Велес, не се појавиле ниту обвинетиот Панчевски, а не бил присутен ниту неговиот правен застапник.

Ова го објави „Коалицијата за правично судење“. „Главната расправа се одложи поради отсуство на обвинетиот и неговиот бранител. Судот на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“ – информираа од коалицијата.

Информацијата е потврдена извори од велешкиот суд, појаснувајќи дека притворот му е одреден затоа што тој не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...