Оптимизам непотпрен на ништо се шири од Белата палата на Мицковски, се делат началнички места

Иако прво ги прогласија тие што бојкотираат за „фекалии“ сега од „Белата палата“ сметаат дека тие всушност го урнале референдумот. Значи во недела во 11 часот откако видоа дека ќе пропадне референдумот што побргу тргнаа да го преземат движењето и да се закитат со перјата на отпорот од кај Мицковски. Односно самиот Мицковски се обиде да направи преврат.
Па успеа да се излаже самиот себе си дека всушност ради него пропаднал референдумот. Според математичките пресметки на „лидериштето“ произлегува дека сите 1.200.000 не гласале поради тоа што ги разбрале неговите метафизички сигнали на ниво на 7ма чакра. 
Автохипнозата од вчера е отиде на наредно ниво. Според извори во партијата веќе се делат началнички места во МВР и се слави победата. Независно кога и да се случи…. Па побоги, големиот Јанушев го назначиле за шеф на штаб бре. Нема тука. Има да се слави…
Сега шегата на страна. Не чини работата. А децава се играат политика. И прв на дневен ред им е Ахмети. Наместо да се водачи на Македонскиот народ тие се затрчаа на тајни средби со човекот кој го турна од власт ВМРО и ја запечати кариерата на Грувски кој денеска од денеска е и со потврдено две години затвор. Неотрезнувањето скапо ќе ја чини оваа структура. Ме потсеќаат на Шеќеринска од 2008 година. Дај боже да грешам.