ОРГИИ ВО ПАРТЕНОН – ГРЦИЈА ЗГРОЗЕНА ОД ВИДЕОТО ЗА “ГРУПЕН СЕКС” НА АКРОПОЛ: ВАКОВ РАЗВРАТ НЕМАЛО 2500 ГОДИНИ

По снимањето на оргијата, Грција среде туристичка сезона донесе одлука за нов безбедносен систем.

ОРГИИ ВО ПАРТЕНОН – ГРЦИЈА ЗГРОЗЕНА ОД ВИДЕОТО ЗА “ГРУПЕН СЕКС” НА АКРОПОЛ

Партенон, древен храм посветен на божицата Атина изграден во 5 век п.н.е., бил сведок на колапс на цивилизации и империи, но за време на неговото 2.500 години постоење, местото можеби никогаш не видело нешто слично на тоа што се случило овие денови, пишува Тајмс.

Откако група мажи организирале групен секс во мал храм во комплексот Акропол и сето тоа го снимиле, грчките власти решиле да постават камери за надзор на Партенон.

Лина Мендони, грчката министерка за култура, изјави дека на теренот ќе биде поставен безбедносен систем кој ќе се состои од 150 камери и контролна соба.

“Тоа беше развратен, ужасно развратен чин. Тоа е најсрамниот напад на светоста на местото”, изјави за Тајмс Јоанис Маурикопулос, шеф на обезбедувањето на Акропол.

Одлуката за поставување безбедносен систем е донесена во екот на туристичката сезона, додека десетици илјади луѓе дневно ја посетуваат античката акропола, која ја обезбедуваат 100 чувари.

Од Министерството за култура не сакаа да соопштат детали за системот, освен дека тој бил финансиран од фондацијата на покојниот тајкун Аристотел Оназис.

“Тоа е важен чекор во вистинската насока. Прво мора да инвестираме во заштитата на нашето културно наследство. Вистинската заштита на наследството е знак на цивилизација”, додаде Маурикопулос, повикувајќи ги властите да го сторат истото низ целата земја.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.