Освежителен десерт за топлите летни денови

За кора:
4 банани
60 мл масло
100 г шеќер
1/2 кесичка ванилин шеќер
200 г брашно
1/2 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сода бикарбона
прстофат сол
1 лажица цимет
За фил:
900 г несолено крем сирење
100 г шеќер
1/2 кесичка ванилин шеќер
250 мл млеко
1 лажица желатин
За декорација:
банана
цимет
Изгмечете ги бананите со виљушка, па додадете ги маслото и јајцата, и матете сè додека не се соединат. Додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер, и продолжете со матењето додека не се стопат. Просејте го брашното над добиената смеса, и постепено додавајте го заедно со прашокот за печиво и содата бикарбона. На крајот, додадете ги и солта и циметот. Смесата нанесете ја во калап и печете во загреана рерна на 160 степени околу 30-40 минути.
Ставете го во сад за матење несоленото крем сирење и потоа додадете шеќер и ванилин шеќер. Со миксер полека изматете ја смесата. Ставете го желатинот во малку млеко и оставете го 5-10 минути потопен. Кога ќе набабри, додајте го и преостанатото млеко. Измешајте, па постепено додајте ја оваа смеса во онаа со крем сирењето и матете со миксер додека не ги соедините.
Филот прелијте го над испечената и оладена кора, па оставете го десертот во фрижидер најмалку 3 часа за да се излади. Потоа тргнете ги ѕидовите од калапот, декорирајте со цимет и парчиња банана (по желба и со чоколаден прелив).

Loading...