Освежителен колач со вишни

Loading...

За тесто
4 јајца
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
100 г брашно
1/2 прашок за печиво
70 г нишесте
100 мл млеко
100 мл масло
За фил
500 г вишни
700 мл сок од вишни
2 пудинга од ванила
За украсување
2 кесички шлаг
200 мл млеко
Во сад пенесто изматете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги брашното измешано со прашокот за печиво, нишестето, млекото и маслото, и убаво изматете. На крајот вмешајте ги изматените белки и нанесете ја смесата во намрсена и набрашнета тава. Врз неа наредете ги исцедените вишни без семки и печете околу 30 минути на 180 степени.
Во тенџере на оган ставете 500 мл сок да зоврие. Со преостанатиот сок размешајте го пудингот и додадете го во тенџерето. Откако ќе се згусне нанесете го на колачот, изладете, и украсете со шлаг и вишни.

loading...