Освежителен сладолед од ванила и малини

Loading...

Потребни состојки:
-500 г замрзнати малини
-1 ванилин шеќер
-3 лажици шеќер
-сок од цеден лимон
-2 пакувања шлаг крем од ванила
-300 мл млеко
Начин на подготовка:
Во сад ставете 400 г малини, додадете ги шеќерот, ванилин шеќерот, сокот од лимон и малку вода.
Загрејте на умерена температура, мешајќи одвреме-навреме.
Кога ќе зоврие намалете ја температурата и гответе додека овошјето не се распадне и стане како пекмез. Тргнете малку да се олади.
Во меѓувреме, во 300 мл млеко додадете ги пакувањата од крем шлагот, измешајте па со миксер мешајте со најмала брзина, а потоа зголемете на најголема брзина мешајќи така две до три минути.
Земете сад во кој ќе го замрзнете сладоледот, наполнете половина од него со шлаг кремата, па со малините. Истата постапка повторете ја и ако користите калапи за сладолед со стапче.
Ставете во фрижидер да замрзне и потоа уживајте во ледениот десерт.

loading...
Loading...