Освежување за време на топлотен бран – Домашен сладолед од диња

Loading...

Освежителен сладолед од диња во изладен дом или во двор под сенка е идеално освежување за деновиве кога најавуваат топлотен бран во земјава.
Освен деновиве, овој сладолед е идеално слатко и освежително задоволство за во текот на целото лето.
Искористете ја сезоната на диња и освен што ќе ја јадете на парчиња, направете си и освежителен десерт.
Потребни состојки:
300ml слатка павлака
200g шеќер
1 зрела диња
Сок од 1 лимон
Малку мелени ф’стаци
Малку мелени бадеми
Малку мелени лешници


Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги слатката павлака и шеќерот. Ставете малку на оган да се растопи и мешајте додека шеќерот целосно не се стопи и смесата се соедини, а потоа тргнете го настрана садот.
Отстранете ја кората од дињата и исчистете ја од семки, а потоа исечкајте на ситни парчиња.
Изблендирајте ја дињата заедно со сокот од лимон. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Потоа додадете ја смесата од слатка павлака и матете уште малку.
Смесата истурете ја во сад и оставете ја во замрзнувач да се стегне. Повремено може да ја промешувате за да не се создадат кристали од мразот.
Пред да послужите, топката сладолед извалкајте ја во мелени јаткасти плодови или наросете ги одозгора.

loading...