Оскарот за најдобро деколте го доби Хајди Клум

Loading...

Иако не беше меѓу присутните на доделувањето на Оскарите, германскиот супермодел Хајди Клум беше главна ѕвезда на журката на Елтон Џон во Пацифик центарот во Западен Холивуд каде церемонијата се следеше во живо.Триесет и деветгодишната мајка на четири деца се облече во припиен фустан од течно злато на Џулијан Медоналд, со вртоглаво длабоко деколте инспирирано од „арт деко“ стилот од 1920-тите години.Иако фустанот и накитот го одржуваа духот на минатото време, фризурата и шминката беа во модерен фазон, плавушата имаше пуштена, залижана коса, јако нашминкани очи и кармин со боја на кожата.Пред да тргне на журката, Хајди на својот Твитер профил објави фотографии како се подготвува, опкружена со фризери и шминкери, како и скица на фустанот специјално дизајниран за неа.
МакфаксИако не беше меѓу присутните на доделувањето на Оскарите, германскиот супермодел Хајди Клум беше главна ѕвезда н

loading...
Loading...