Ослободени седумте француски заложници во Камерун

Loading...

Седмочленото француско семејство, коешто беше грабнато во вторникот во северен Камерун, пронајдени се од нигериските власти на локалитетот Диква, во северна Нигерија, соопшти во четвртокот воен камерунски извор.„Заложниците се живи и здрави, тие се во рацете на властите. Пронајдени се во напуштена куќа на локалитетот Диква (стотина километри од границата со Нигер),“, изјавил за AFP висок офицер на камерунската војска во четвртокот.Францускиот министер за ветерани Кадер Ариф потврди во четвртокот во Националното собрание (долниот дом на францускиот парламент) дека „заложниците во Камерун се ослободени“.Ниту Елисејската палата, ниту министерството за надворешни работи на Франција не можеа да ја потврдат со сигурност оваа информација.Седум француски туристи, од кои четири се деца, беа грабнати од неидентификувана вооружена група во северен Камерун во близина на границата со Нигерија.Туристите се враќале од националниот природен парк Ваза, кога кај камерунскиот локалитет Даданг на границата со Нигерија. ги пресретнале вооружени мажи на мотоцикли и ги однеле во непознат правец.Ова е прв случај на грабнување на западни туристи во самиот Камерун, додека инаку чести се земањата заложници во водите на оваа африканска земја која има излез на Гвинејскиот залив а последното се случила на 8-ми февруари.
МакфаксСедмочленото француско семејство, коешто беше грабнато во вторникот во северен Камерун, пронајдени се од нигерис

loading...