Ослободете се од темните дамки на кожата: Со компир и куркума

Loading...

Ослободете се од темните дамки на кожата: Со компир и куркума до беспрекорна кожа
Стареењето и одредени здравствени проблеми можат да предизвикаат низа кожни промени како што се темните дамки и хиперпигментацијата.
За среќа, таквите проблеми можат ефикасно да се третираат на потполно природен начин. Хиперпигментацијата честопати се јавува како последица на лошата работа на црниот дроб, а темните дамки се предизвикани од акни или други надворешни влијанија.
Во продолжение, ви ги претставуваме најефикасните методи како да ги отстраните темните дамки од кожата

Свеж компир
Свежиот компир содржи голем број на нутритиенти, вклучувајќи го и витаминот Б кој го стимулира обновувањето на клетките и никотинамид кој ефикасно ја чисти кожата.
Компирите се исто така ефикасни и во отстранување на темните кругови околу очите.
Сè што ви е потребно е да го исечете компирот на крукчиња и со парчињата да го масирате проблематичниот дел на кожата во времетраење од 10 минути, неколку пати на ден. Доколку имате премногу сува кожа, пред процесот потопете го компирот во вода.


Куркума
Куркумата има многубројни позитивни ефекти врз здравјето, има антивоспалителни влијанија и е одлична за одржување на здрава кожа.
Со нанесувањето на маска од куркума еднаш или два пати неделно ќе постигнете одлични резултати. Овој зачин ќе го подобри пигментот на вашата кожа и ќе ги елиминира темните дамки.

loading...