Османи го испрати Бејли: Оставивте неизбришлива трага во успехот и напредокот на земјава и регионот

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, по повод завршувањето на неговиот мандат.
-САД не се само стратегиски партнер на Република Македонија, туку и најважен пријател со чие присуство и активно учество се остварени најважните успеси на земјава од нејзината независност, истакнал Османи на средбата.
Тој му упатил лична благодарност на амбасадорот Бејли за неговиот личен ангажман, заложба и поддршка за земјава.
-Со вашите активности оставивте неизбришлива трага, не само во нашиот успех да ја оствариме нашата стратешка определба – членството во НАТО, туку и неизбришлива трага во имплементирањето на западните вредности на Балканот, на чии основи е изграден и денешниот успех во напредокот на целиот регион, рече вицепремиерот Османи.

 

Loading...