Османи најави дека за СЈО ќе бараат и двотретинско мнозинство

Вицепремиерот Бујар Османи заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера беше во посета на полицајците од јужната граница.
Османи најави продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за судбината на СЈО и истовремени разговори со пратениците во потрагата по двотретинско мнозинство, бидејќи преговорите меѓу власта и опозицијата во петокот не вродија со плод..
– Очигледно дека таа рунда не успеа да даде резултати. Сметам дека треба да се работи паралелно во две траектории: и во продолжување во обид да се најде консензус, но и во комуникација со пратениците за да се обезбеди мнозинство во Собранието, рече Османи.