Основни грешки при лакирање на нокти

За да имате уреден и постојан маникир што е можно подолго, избегнувајте ги следните грешки при лакирање на ноктите.
1. Лакирате валкани нокти
Ако на ноктите имате било каква нечистотија, ако се влажни или нецелосно исчистени од претходниот лак, голема е веројатноста лакот кој сте го нанеле да не изгледа убаво на самиот нокт. Пред лакирање нежно исчистете ги ноктите со четка слична на онаа за заби и потоа добро исушете ги. Покрај тоа, пред лакирање избришете го секој нокт со ацетон, за да ја отстраните насобраната маснотија која со вода не може да се отстрани темелно.


2. Не користите лак база ниту завршен лак
Лак базата би требало да биде задолжителен дел од вашиот маникир за поголема трајност на лакот. Што се однесува до завршниот лак, бирајте ги оние кои се сушат поспоро, бидејќи се поцврсти и подолго го штитат лакот во боја.
3. Не внимавате на одржување на ноктите
При било која домашна активност која вклучува вода, треба да користите гумени ракавици. Освен тоа, ако лакот вообичаено брзо ви се лупи од ноктите, нанесете еден слој завршен лак секој нареден ден и негувајте ја кожата околу ноктите со хранливи масла.