Останала бремена и покрај контрацепцијата: Бебе дошло на свет држејќи спирала во раката

Loading...

Бебе во Виетнам било родено со контрацептивна спирала во раката, а фотографиите кои го покажуваат тоа станаа вирални на социјалните мрежи.
Во денешно време постојат бројни методи за заштита од бременост, но тие не секогаш делуваат. Доказ за тоа е и една триесет и четиригодишна жена од Виетнам која останала бремена и покрај тоа што имала спирала. Во нејзиното тело, овој предмет бил „вграден“ пред две години, по што таа сепак дознала дека е во блажена состојба.
Бебето тежело 3 килограми и 200 грама, а неговото доаѓање на свет е невообичаено, благодарение на фактот дека е роден со сувенир – спиралата на неговата мајка. Гинекологот кој ја пораѓал мајката не очекувал дека фтографиите ќе привлечат толку големо внимание. Ги објавил бидејќи му било интересно тоа што новороденчето имало в рака необична „играчка“.
Инаку кога ќе се стават прописно, спиралите се повеќе од 90 проценти делотвори и може да траат пет до десет години.

loading...