Останал шокиран од храната на венчавка во хотел со 4 ѕвездички: “Што по ѓаволите е ова?”

На Фејсбук групата “That’s It I’m Wedding Shaming”, посветена на непријатните и бизарни искуства од свадби, се појавиле фотографии од “луксузните” јадења кои се послужувале на една венчавка.
Еден од поканетите споделил како изгледале сервираните оброци, а фотографиите од смрзнат јоркширски пудинг, пица од туна и запечен грав станале предмет на потсмев во групата.
“Не знам дали готвачот на овој “луксузен” хотел со 4 ѕвездички бил болен или на одмор тој ден, но нешто не е во ред”, напишал авторот на објавата и покажал како изгледало предјадењето.
“Навистина ги ценам овие билки од страна со јоркширскиот пудинг, навистина го надополнува јадењето”, напишал тој шеговито под фотографијата на предјадењето кое било послужено без сосови или додатоци.


За главното јадење се служело пилешко месо со компири и зеленчук, а начинот на сервирање го насмеал до солзи, особено парчињата боранија кои биле вметнати во кругчиња тиквички.
“Што по ѓаволите е ова?”, напишал тој во описот.


Оној кој не сакал да јаде пилешко месо за главното јадење, можел да бира помеѓу пица со туна, помфрит и запечен грав. Мажот напишал дека туната била сува и невкусна, а членовите на групата не можеле, а да не го забележат празното пакетче гумени бомбони покрај чинијата кое доволно кажува за тоа какво било јадењето.

Loading...