Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ДПМНЕ и Левица

Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вчера се случија на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието.

Јавноста виде очаен обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните.

СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени – се вели во соопштението на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.