Осум убиени војници во Индонезија во напади на сепаратистите

Loading...

Осум војници се убиени а еден е ранет во четвртокот во два одвоени напада во индонезиската покраина Папуазија, каде трае бунт за независност, пренесува AFP повикувајќи се на воени извори.„Утринава во два одвоени напада со огнено оружје убиени се осум војници“, изјавил портпаролот на војската во Папуазија.Неидентификувана група отворила оган врз воена позиција во округот Пунак Џаја, во центарот на индонезиската Папуазија, при што е убиен еден војник.Во вториот напад половина час подоцна во соседниот округ Синак, една вооружена група пукала врз патрола и убила седум војници.Напаѓачите не се идентификувани, меѓутоа регионот е познат како засолниште на сепаратистичките бунтовници. Во индонезиската провинција Папуазија чести се судирите меѓу полицијата и сепаратистите.
МакфаксОсум војници се убиени а еден е ранет во четвртокот во два одвоени напада во индонезиската покраина Папуазија, к

loading...