Отворен карневалот во Сао Паоло

Loading...

Карневалот Сао Паоло почна во петокот навечер со танцот на илјадници изведувачи на традиционалната самба, на кои не им пречеше ниту дождот врз овој мегалополис на југот од Бразил.

 
Седум школи на самба, кои се натпреваруваат во креативноста, ја отворија свеченоста во ритамот на тапани и во шарените блескави костими со перја во поворка минаа по самбадромот во Сао Паоло.
Во сабота на овие седум ќе им се придружат седум школи а натпреварувањето за титулата најдобра школа за самба ќе трае до понеделник. Секоја школа ќе се претстави со по четири илјади танцувачи.
Карневалот во Сао Паоло кој пред 20 години востанови „амбасада на самбата” не е познат како оној во Рио Дежанеиро, но секоја година е сѐ подобро организиран и сѐ повеќе се шири.
Во Рио, дебелиот крал Момо, симболот на сѐ што е претерано, во петокот го означи официјалниот почеток на карневалот преземајќи го од рацете на градоначалникот Едуардо Паес клучевите на градот во кој следните пет дена ќе владее самбата и во кој речиси сѐ ќе биде дозволено.
Макфакс
Карневалот Сао Паоло почна во петокот навечер со танцот на илјадници изведувачи на традиционалната самба, на кои не им преч

loading...
Loading...