Отворен ковид центарот на Клиниката за кожни болести, примени првите пациенти

Ковид центарот на Клиниката за кожни болести од денеска е ставен во функција и примени се првите пациенти со компликации од КОВИД-19.
Во текот на утрешниот ден ќе биде отворен и ковид центарот на Клиниката за неврологија.
Во врска со бројот на хоспитализирани од Министерството посочија дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид – центрите, во изминатите 24 часа вкупно се хоспитализирани 579 лица.
Од нив 177 лица се хоспитализирани во Скопје (на Инфективната клиника – 79, во ГОБ 8 Септември – 67, на Институтот за ТБЦ – 31), а 402 лица во останатите градови.

Пронајдете не на следниве мрежи: