Откриена најголемата мистерија за Александар Македонски (ВИДЕО)

Loading...

Меѓу стручната и обичната јавност има голема полемика околу сексуалната орјентација на Александар III Македонски. Го поврзуваат во љубовна врска со неговиот најдобар пријател и Генерал на Македоската фаланга Хефастион.

Сепак, во древните, оригиналните извори, Александар и Хефестион никаде експлицитно не се поистоветуваат со називите “ἐρώμενος” (љубен) или “ἐραστής” (љубовник) (во изворите на старогрчки јазик), ниту со синонимот “amans” (во оние на латински). Прекарот на Хефестион, според изворите на старогрчки, е “Филалександрос”, епитет што го добил од самиот Александар, а што во превод значи – “пријател на Александар” или “наклонет и лојален кон Александар”. Во превод од старогрчки, “φιλος” (филос) означува “пријател”.

Кога Хефестион ненадејно умрел во Екбатана (денешен Иран) во есента 324.п.н.е. Се претпоставува дека причина за смртта била некоја заразна болест, но можеби и труење. Александар бил скршен од тага поради смртта на неговиот најдобар другар, кој го сакал како брат. Тој побарал од пророчиштето во Шива да му доделат на Хефестион божествен статус. Кога и самиот умрел 8 месеци подоцна, Александар сѐ уште планирал каков траен споменик да изгради во сеќавање на саканиот Хефестион.

loading...
Loading...