Откриена најстарата христијанска кралска гробница

Градежни работници во 2003 година, работејќи на автопат, откриле подземна просторија, за која сега археолозите сметаат дека можеби е најстарата христијанска кралска гробница во Велика Британија.
Просторијата е откриена близу селото Притлвел. Според новите сознанија, гробницаата е стара 1.400 години. Меѓу пронајдените предмети, археолозите регистрирале златно копче за појас, остатоци од харфа, стаклени садови и раскошен сад за вода.


Археолозите сметаат дека луксузните предмети укажуваат дека покојникот имал висока положба, а можеби бил и принц. Двата златни крста на ковчегот, пак, покажуваат дека гробот е христијански.
Софи Џексон од Лондонскиот археолошки музеј, одговорна за истражувањата, го спореди откритието со она на Тутанкамоновата гробница.