Откриена причината за пожарот во Нотр Дам

Loading...

Францускиот обвинител Реми Хеитз, задолжен за истрагата соопшти дека пожарот кој вчеравечер избувна во париската катедрала Нотр Дам е несреќен случај. Тој потенцира дека пожарот не е подметнат и дека не станува збор за намерно палење.
– Оваа истрага е исклучително опширна и комплицирана, и во неа во моментов соработуваат педесетина лица. Сите ја фаворизираме теоријата дека пожарот е предизвикан од несреќен случај, изјави Хеитз.

loading...