Откриени нови детали за болеста на принцезата Шарлин

Принцезата Шарлин од Монако е наречена најтажната во светот, а сега откриено е дека причина за нејзиното кусо повлекување не биле психички проблеми туку епилепсија.
Здравјето на принцезата во последните месеци беше тема на бројни шпекулации, а нејзиниот изглед предизвика загриженост во јавноста. Голем дел од луѓето беа уверени дека исклучително психички проблеми се причината за нејзиното повлекување, а официјално е потврдено дека таа минала четири месеци во психијатриска установа.
Меѓутоа извор за странските медиуми потврдил дека и е дијагностицирана епилепсија минатата лето, додека била во посета на Јужноафриканската република каде имала операција на синусите.
Се наведува дека дијагнозата била многу стресна за принцезата, па неколку недели подоцна таа се онесвестила и била итно пренесена во болница.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.