Откриен идентитетот на жртвата од сообраќајката утрово на патот Струмица-Радовиш

Loading...

На 13.10.2019 околу 04,05 часот, на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило,,фолсваген шаран’’ со бугарски национални ознаки управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило,,даф’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т (44) од Радовиш, пишува порталот “Струмицаденес“.
Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

loading...