Официјално најстара жена на Земјата е 114-годишната Јапонка Мисао Окава

Loading...

Јапонката Мисао Окава, која во март ќе наполни 115 години, е официјално впишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара жена во светот, пишува во средата Associated Press.

 Жителката на јапонскиот град Осака изјави за агенцијата дека е „многу среќна” што ја носи оваа титула и што ги добила од компанијата Guinness World Records сертификатот со кој се потврдува нејзиниот статус. Мисао Окава, исто така, ја сподели тајната на нејзината долговечност, порачувајќи дека сите што посакуваат да доживеат таква возраст треба „да се грижат за нивното здравје”.
Мисао Окава е родена на 5-ти март во Осака во семејството на мајстор за изработка на кимона. Нејзината точна возраст според податоците Gerontology Research Group, е 114 години и 359 дена. Мисао родила три деца, од кои две уште се живи и надминале 90-годишна возраст. Јапонката, исто така, има четири внуци и шест правнуци.
Мисао, како најстарата жена на светот, од страна на Gerontology Research Group беше призната уште во јануари годинава, кога на возраст од навршени 115 години, почина претходната рекордерка, исто така жителка на Јапонија – Кото Окубо.
Најстариот жител на Земјата е 115-годишниот Јапонец, Џириуемон Кимура од градот Кјотонго во префектурата. Најстарата личност која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години. Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади).
Макфакс
Јапонката Мисао Окава, која во март ќе наполни 115 години, е официјално впишана во Гинисовата книга на рекорди како на

loading...