Официјално првата земја во светот која ќе дава бесплатни влошки и тампони

Loading...

Шкотска ќе биде првата земја во светот која бесплатно ќе дава влошки, тампони и останати производи потребни за женска нега за време на менструацијата, пренесува „Independent“.
Шкотскиот парламент едногласно го одобрил законот со кој менструалните хигиенски потреби ќе бидат бесплатно достапни за сите жени.
Шкотската пратеничка Моника Ленон од Лабуристичката партија се залагала за закон кој ќе биде ‘лидер во светот’ за бесплатен пристап до санитарните производи за жени, како што се влошки и тампони во јавни згради, а нејзиниот предлог е поддржан од шкотската влада.
Овој закон стапува на сила и покрај првичното противење на опозицијата и некои министри кои сметале дека трошоците за здравствено осигурување значително ќе ги надминат проценетите 9,7 милиони фунти годишно.


„Се наоѓаме на последните милји од долгиот пат и ме охрабрува поддршката дадена на Законот за производи за ментруација“, навела таа.
„Овој закон ќе овозможи никој да не остане без основни производи за менструација“, рекла Ленон.
Додала дека нејзината земја, благодарение на светската кампања да се сочува достоинството на сите жени, веќе преземала големи чекори кон достапноста на производите за ментруација.
„Нашата кампања веќе ја поддржаа коалициите, синдикатите, женските организации и добротворните организации. Илјадници приврзаници одиграа улога, вклучително и искуствата на сиромашните луѓе, и благодарна сум им на сите“,порачала Ленон

loading...