Охридскиот рамковен договор влегува во Преамбулата на Уставот, а АСНОМ излегува

По двете средби на независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев, Владата соопшти дека барањата ќе бидат вметнати во нацрт-амандманите што произлегуваат од Преспанскиот договор. Заев посочи дека Охридскиот рамковен договор ќе биде дел од преамбулата на Уставот, дел од АСНОМ се брише.
-Охридскиот рамковен договор е целосно вграден. Пратениците на Алијанса на Албанците и БЕСА го имаат своето право и имам целосно разбирање. Нивните барања се суштествени измени. Сфативме дека е легитимно право и не значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Јас можам да дадам позитивен однос на ова, рече Заев во однос на барањата на БЕСА и Алијанса на Албанците за внесување на амандманите за зајакнување на идентитетот.
Во делот на АСНОМ останува прогласот, а се менува одлуката бидејќи содржи “Македонци од Бугарија и Грција обединете се“, посочи премиерот.
Говорејќи за нацрт-амандманите, Заев рече дека првиот дел се однесува на потврдата на македонскиот идентитет, а членот 7 го гарантира македонскиот јазик. Вториот дел е за стапувањето во сила, а тоа ќе биде откако Грција ќе го ратификува Договорот и ќе го поддржи членството на Македонија во во НАТО. Третиот е за менување на името и тука тој наведе дека ќе го почитува рокот за граѓаните да не мора веднаш да менуваат документи, односно да вадат кога ќе им истечат постоечките.
-Зборот Македонија се менува со Северна Македонија, односно, тоа не се прави само во еден член каде се зборува за историјата на државата. Републиката ќе се грижи за сите иселеници, исто и тоа е дел од од амандманите. Со секој амандман оди и одлука. Составен ден од Уставот е Уставниот закон. Во тој закон ќе биде дел од договорот и барањата на независните пратеници, рече Заев објаснуваќи ги измените.
Премиерот Заев додаде дека е он-лајн со Грција, со која постојано се консултира, што не е обврзувачки, туку е пријателски и тие имале разбирање. Според него амандманите се едноставни и јасни, и  заслужуваат поддршка од сите пратеници, па се надева дека кога ќе ги испратат ќе успеат да ги уверат пратениците како Панчо Минов дека процесот треба да биде поддржан. Заев појасни дека го споменува Минов, бидејќи тој бил видлив и ги дал своите сугестии.
-Мислев дека и тој ќе гласа, но не гласаше. Постојат многу пратеници кои се растеретени од партиски предрасуди за да го поддржат процесот, рече Заев.
Договорот е „фер инаф”, не може подобар, изјави премиерот Заев, додаваќи дека пратениците ќе ја донесат одлуката слободно и во прилог на граѓаните.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.