Охриѓанец се здобил со тешки изгореници-му се запалил автомобилот во движење

Loading...

На регионалниот пат Охрид – Свети Наум синоќа околу 22:30 часот се случи тешка сообраќајна незгода.  Додека триесетитрогодишниот Ц.К.(33) од Охрид го управувал своето патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење. Од пожарот возачот изгубил контрола врз возилото и излетал од патот. Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди (изгореници) и е пренесен во Општа болница Охрид, а на местото на настанот е извршен увид од страна на МВР.

loading...