Очигледно дека заљубеноста влијае и на нејзиниот моден стил: Џеј Ло во најубавата модна комбинација

Loading...

Удобно, пријатно, а толку ефектно – кралицата на спортскиот стил повторно ги воодушеви модните критичари.
Удобно, пријатно, а толку ефектно – кралицата на спортскиот стил повторно ги воодушеви модните критичари.


Пејачката и актерка Џенифер Лопез брилира на многу полиња кога станува збор за модата, но добро е познато дека спортскиот стил е тој којшто обожува да го носи на себе.
Латино дивата која во последно време е во центар на внимание поради помирувањето со поранешниот вереник Бен Афлек, не умее да погреши кога ѝ е потребен лежерен и комфорен стајлинг, а за вчерашната семејна прошетка се надминала самата себе.


Џеј Ло во Мајами била забележана на ручек со синот Макс и ќерката Ема (13), близнаците кои на свет ги донесе за време на бракот со музичката ѕвезда Марк Ентони.
За оваа прилика таа избрала да носи комбинезон, и тоа не било каков – се определила за бел модел украсен со шари во интензивни нијанси на бои кој го нагласувал нејзиниот струк и ја истакнувал нејзината совршена линија на тело.


Лопез ова модно парче го искомбинирала со бели патики со шарени детали и сино-бела чанта од модната куќа „Louis Vuitton“.
Лежерната пунџа, очилата за сонце, широката насмевка – и тоа било дел од начинот на кој успеала да украде милиони воздишки кај случајните минувачи.
Ви се допаѓа ли?

loading...
Loading...