Очигледно е дека се оддалечуваме еден од друг и тоа ме убива…

Loading...

Никогаш не верував дека ќе лежам до тебе и дека ќе се чувствувам толку независно. Никогаш не замислував дека дојдеме до тука. Но, изгледа животот има свои начини да ни докаже дека грешиме, а и ти најде начин да ми покажеш дека грешам.
Нашиот живот беше совршен, ние бевме среќни и секој ден лежевме во кревет зборувајќи за универзумот и нашата иднина. Некаде помеѓу насмевките, заедничките долги ноќи, зезањето, гушкањето и гледањето филмови, нешто се промени. Нешто што никогаш не сакав да ни се случи.
Ти изгуби интерес. Престана да ми даваш комплименти. Јас повеќе не бев твојата сакана или најубава. Јас бев само празно „Здраво“ кога ќе се вратеше дома.


Што побогу се случи? Како одеднаш да се преврте плочата и ти исчезна, се оддалечи.
Долго време се обидував да допрам до тебе. Потрошив часови трудејќи се да откријам со што ја го заслужив тоа студенило кое го добивав. Мојот свет се рушеше, а кога ќе се вратев дома, единственото нешто што ме чекаше беше твојот молк.
Од оваа перспектива, најверојатно требаше да го предвидам ова. Знаците беа насекаде. Студенилото, тишината која ја делевме додека бевме во иста соба, тивките вечери кога единствен звук беше шкрипењето на чиниите и лажиците. Некако сѐ ми се измолкна од рацете баш во моментот кога мислев дека сѐ е совршено.
Моите ноќи повеќе не беа исполнети со удобноста на твоите прегратки. Наместо тоа, на моите очи имаше само солзи и не можев да престанам да се тресам. Како што се оддалечувавме еден од друг, така се зголемуваше мојата фрустрација. Ти мислеше дека се е во ред. Кога и да се обидував да зборувам со тебе, ти го отфрлаше тоа како глупост. Но, целиот наш живот се промени.
За неколку секунди, нешто во тебе направи да се одљубиш од мене…
И како што ти ме изгуби од вид, јас почнав да нѐ губам нас од вид.

loading...
Loading...