Павле Богоевски си поднесе оставка

Претседателот на собраниската Комисија за мандатни прашања, Павле Богоевски си поднесе оставка од пратеничката функција. По оставката на претседателот Богоевски седницата на комисијата е прекината, а со неа во иднина ќе претседава неговата заменичка, Снежана Калевска Ванчева.
Оставката на Павле Богоевски ќе биде верификувана на следната пленарна седница.
– Колеги пратеници останете верни на вредностите и принципите, знам дека политиката е валкана игра, но верувам во вас и знам дека можете – кажа Богоевски.

 

Loading...