Паднаа два хеликоптера кај Берлин

Loading...

 Два хеликоптера паднаа во близина на Олимпискиот стадион во Берлин за време на полициска вежба, а најмалку еден е загинат, јавува АП.Според германски „Билд“, уште најмалку тројца се повредени во инцидентот.Причина за несреќата се лошите временски услови и снежната бура.На фотографиите од лице место се гледа како едно летало е потполно уништено, додека од другото, кое е во подобра состојба, излегуваат неколку луѓе со кациги и униформи.Вежбата ја изведувале 400 берлински полицајци.Полициската вежба се изведува во склоп на акцијата за борба против хулиганизмот на стадионите.Надлежните потврдија дека дошло до инцидент, но не сакаа да зборуваат за бројот на жртви и повредени. Спасувачките екипи се излезени на терен.Во Берлин, утрово, било многу облачно, паѓал снег и дувал силен ветар.
Макфакс Два хеликоптера паднаа во близина на Олимпискиот стадион во Берлин за време на полициска вежба, а најмалку еден

loading...
Loading...