Пакистанските избори започнаа со 11 загинати

Loading...

Најмалку 11 лица се убиени а повеќе десетици се ранети во мегалополисите Карачи и Пешавар во бомбашки напади неколку часа по почетокот на гласањето на пакистанските општи избори.За првиот напад во Карачи одговорноста веќе ја преземале талибанските бунтовници, кои се спротиставуваат на одржувањето на изборите кои се сметаат за клучни за консолидација на земјата, и уште во април испратија закана за учесниците на изборите како и до населението на не учествува во нив.Нападот бил насочен кон лаички изборен кандидат на Националната партија Авами (Awami National Party, ANP) во Карачи во кој загинале најмалку 11 лица, од кои и тригодишно дете, а биле ранети 23 луѓе, според болнички избори. Нападот бил изведен два часа по отворањето на избирачките места а кандидатот Аманулах Мехсуд бил во автомобил и не настрадал но загинал еден од неговите телохранители, рекол за AFP полицискиот офицер Мазрах Наваз.За нападот одговорноста ја преземаа припадниците на движењето на пакистанските талибани, Текрик-е-Талибан Пакистан (ТТP), според кое демократијата е не-исламска и ја организираа „неверниците“.Претходно, исто така, во Карачи бил застрелан бизнисменот Шакил Ахмед, еден од кандидатите за провинциските законодавни совети.Малку подоцна, на другиот крај од Пакистан, во градот Пешавар, најмалку осум лица биле ранети во експлозија на бомба, соопштил за агенцијата претставник на локалната болница.
МакфаксНајмалку 11 лица се убиени а повеќе десетици се ранети во мегалополисите Карачи и Пешавар во бомбашки напади неколку ч

loading...
Loading...