– Продолжуваат нападите на израелската војска на блокираниот Појас Газа.
Палестинците убиени во израелските напади во Северна Газа се закопуваат среде пат бидејќи не е можно да се закопаат на гробишта.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.
На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел што потоа беше продолжена за уште три дена.
На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.
Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени над 20.000 Палестинци, а ранети се повеќе од 52.600 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.
Од убиените, над 8.000 се деца, а повеќе од 6.200 се жени.
Под урнатините се наоѓаат над 6.700 Палестинци.
Во заробеништво се 130 Израелци.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртви на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: