Памук кифли кои сите ги сакаат

Loading...

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г брашно
½ коцка свеж квасец (20 г) или 1 кесичка сув (7 г)
2 лажички сол (10 г)
260 мл топло млеко
3 лажици шеќер (50 г)
3 лажици млеко во прав (опционо, 40 г)
60 г путер
1 јајце


ПОСТАПКА:
Во садот за месење ставете брашно и сол. Млекото загрејте го заедно со путерот. Ако се прегреало оставете го малку да подизлади, да биде млако, па во него растопете го квасецот. Додадете го и шеќерот, млекото во прав и изматеното јајце.
Влажните состојки додадете ги во сувите и замесете доста лепливо тесто. Ваквата конзистенција е важна, за на крај да се добијат вака меки ролнички. Ако тестото го месите машински, тогаш гасете ја машината еднаш или двапати, за да го симнете тестото од страните, за да можат продолжетоците рамномерно да го измесат тестото.

loading...