Панарити: Создавањето на енклави во Косово, опасно

Loading...

Шефот на албанската дипломатија Едмонд Панарити изјави дека Тирана го поздравува дијалогот меѓу Косово и Србија на највисоко ниво и смета дека тој треба да продолжи, но предупреди дека создавањето на енклави на Косово е опасно и ќе создаде проблеми во регионот.Панарити во пресрет на неговата посета на Белград која се најавува за втората половина на овој месец, за албанската државна агенција АТА говори и за последните етнички тензии во Македонија, состојбата на Албанците во јужна Србија и разговорите на Косово и Србија во Брисел.Тој оценува дека дијалогот меѓу Косово и Србија треба да продолжи со почитување на суверенитетот на Косово од страна на Белград и недозволување на појава на било какви енклави на Косово.„Енклавизацијата на Косово ќе создаде безнадежна состојба и ќе создаде огниште на тензии и конфликти според моделот на Босна и Херцеговина“ нагласува Панарити за АТА.Таква состојба, според него, не е во интерес ниту на Косово и Србија ниту пак во интерес на стабилноста и мирот на Балканот.
МакфаксШефот на албанската дипломатија Едмонд Панарити изјави дека Тирана го поздравува дијалогот меѓу Косово и Србија на нај

loading...