Панговски: Како ли му е на Дурловски кога стои до Бишевац?

Замислете како му е на Дурловски кога стои на бина до Бишевац кој пред само три години бараше затвор за него.
Кој му ја направи оваа непријатност, ова понижување на Дурловски? Дпне и Квиско. Никој друг.
Замисли како му е на Цветин, како му е на Бетмен што мора да јадат штапска чорба наспроти своите убедувања.
Но секој си ја прави сопствената постела.
Мене никој нема да ме натера да си ги помочам сопствените критериуми за партиска директива.
ПЕРВЕРЗИЈА е оние кои беа за „ ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ и оние кои со 56 раце вон процедура и закон го гласаа Таљат да се на иста бина.
Квиско им се помоча на бранителите, им се помоча на затворените патриоти ставајќи го нивниот занданџија на листа а вие чекате ако победи да ги ослободи.
Размисли уште еднаш. Квиско не прави пратенички листи за да спречи федерализација, туку за да ја помогне.
Истите чирови утре ќе му побегнат од коалиција кога ќе треба да се гласа промена на химна и знаме. И пак тој нема да биде крив. И пак Дурло и Цветин ќе ви го продаваат како опција. Не дека сакаат. Туку дека мораат. Државата е заробена преку заробени луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.