Пандемијата и климатските промени носат поскап живот – ќе растат цените на храната

Loading...

До октомври цените на храната би можеле да бидат за околу 14% повисоки од сега. Трендот што почна чани нема брзо да запре, констатираат светските аналитичари врз основа на анектите меѓу деловните субјекти. Според нивните пресметки, во овој момнет цените на храната на светските берзи се за 33% повисоки од истиот период минатата година и за 25% од просечните цени во периодот од 2014 до 2016 година.
На што се долиж високиот раст на цените на храната? Пандемијата, но и климатските промени. Заради пандемијата, прекинати се транспортите синџири и храната се потешко стига до точните дестинации. Друг проблем е што пост ковид отоворањето на економиите ги зголемува цените на работната сила која ја има се помалку. Коиматските промени пак ќе бидат проблем за цените на храната и во наредниот период.


Колку ќе растат цените на храната кај нас до есен, нема прогнози. Во соопштението на НБРМ од последниот состанок на Советот неделава, се наведува „големата променливост на цените на светските пазари и понатаму е главниот извор на неизвесност околу идните движења на домашните цени“.
Цените на храната во земјава континуирано растат веќе цела година. Според државната статистика, во јуни годинава цените на мало биле за 4% повисоки од истиот месец лани, а трошоците за живот биле за 2,7% зголемени во истиот период. Најмногу во оваа една година се зголемила цената на течните горива за 55%, на струјата за 7,4%, од прехранбенките производи најголем раст има кај маслото за околу 30%.
Според НБРМ, инфлацијата расте, но е под контрола. „Во однос на инфлацијата, просечната годишна стапка на инфлација во првата половина на годината изнесува 2,4%, што е очекувана динамика со оглед на растот на светските цени на примарните производи“.

loading...
Loading...