Пандов до Јанева: Со твоето молчење ме тераш да помислам дека ти се заарни во притвор!

Loading...

Аналитичарот Александар Пандов секогаш пишувал на Фејсбук за актуелните случувања, но деновиве се чини ептен ја потенцира комуникацијата со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, делејќи и добронамерни совети да не молжи, но исто така советувајќи ја кому да верува, а кому не.  “Катице не можам да си најдам самиот на себе зборови на утеха после денешниов ден. Да ме избламираш вака на јавна сцена и мртва ладна да се појавиш пред камери без очила, а со лисици на раце, искрено не го очекував од тебе. Лисиците после се и не ти стојат лошо, меѓутоа за мене е малку невкусно жена во твои години вака да се шета пред јавност. Башка многу лута, ко за тепање да и одиш на Рускоска. А се поинаку ќе изгледаше да беше обратно, со очила, а без лисици.
Некако во лоша серија си влезена. Ене пред некој ден седам со добар пријател на ручек и додека заеднички констатираме дека Заев и СДС за три години ни ја врати Македонија 30 години назад, некако спонтано се наметна и аферата Рекет. Кога тој мене на прва ми вика: Александар супер ти се советите кон Катица, но знаеш ли ти дека таа е малку отидена со нервите и не баш до крај пресметлива жена уште од времето? Па додава: Се сеќаваш ли кога ја назначија за специјална дека се збореше како имала кривична пријава? Му велам се сеќавам, ама покрај сите обиди да се дознае за што била, јас барем не дознав. Сега ќе дознаеш, продолжува тој, замисли вика во Гевгелија на рочиште на случај каде таа е обвинителка, во даден момент почнува се погласно и погласно да се расправа со адвокатот на обвинетата странка, за да таа кавга нејзе ја вади до толку од контакт, станува оди кон адвокатот и му залепува со полна рака шамарчина! Очилата кои ги имал на главата му летнале 5 метри на страна. Е од него и е кривичната завршува пријателот. Јас останав вџашен, ококорен и со подотворена уста. Му велам: Брат не си ме лажел до сега, но еве морам Кате прво да ја прашам, пред да ја штиклирам информацијава за точна.
Па Катица точно ли е дека си шамарала адвокат или ти пуштаат муабети?
Бај д веј, за кичевскиот ти пишав пред некој ден, а еве го веќе денес и дома си е човекот. Со твоето молчење ме тераш да помислам дека ти се заарни во притвор!

loading...