Пандов: Нема враќање на името назад (видео), трансформацијата на ставови во краток временски период

Loading...

Пандов: Нема враќање на името назад (видео), трансформацијата на ставови во краток временски период

Се сменија времињата, и се сменија ставовите. Пред нешто помалку од 2 години Пандов промената на името ја спореди со сахрана или погреб на нешто најмило.

Погребот е настан кога се собираат роднините и пријателите да го испратат упокоениот. Не ги сакам и избегнувам да одам. Меѓутоа татко ми постојано ме учеше дека и за арно и за лошо со луѓе бидува. Пред две години ја изгубив мојата биолошка мајка. Бев подготвен делови од моето тело да извадам за да и помогнам во нејзиното лекување, но спас од проклетата болест немаше. Денес ја губам мојата втора мајка. Колку што можев направив се за да ја спасам, но и овој пат не успеав. Но овој пат убиците на мојата мајка имаат име и презиме. Се колнам, во крвта моја македонска, пред цела македонска јавност, дека ќе направам се, во иднина овие предавници и среброљубци ја почувствуваат сета горчина и чемер што ги предизвикаа кај мене и на мојот народ. Животот не е ден или два, тоа овие шуги треба да го знаат. Денес не ми остана ништо друго освен со жалење да ве поканам сите заедно да и одадеме последна почит на нашата заедничка мајка Македонија. Се гледаме пред собрание.

За да пред некое време (почетокот на годината) во емисијата „Само Вистина“ да изјави дека промената на името е завршена работа и нема враќање назад.

Сега, после се, Пандов е поставен од Мицковски да го води неговиот „патриотски институт“. Што е тоа ПАТРИОТСКИ ИНСТИТУТ не е јасно навистина. Ама со сигурност може да се каже дека е дел од операцијата за спас на Мицковски по катастрофалното губење на изборите и промената на Статутот со која се измислуваат некакви институти со триумфални имиња…

Сега се поставува прашањето дали Мицковски преку Пандов испраќа порака дека промената на името е завршена работа? Општо познато е дека Мицковски често нема јасни ставови и го злоупотребува и држи во заблуда членството. Пандов беше помпезно претставен од порталите кои што се под контрола на Мицковски како решение. Што значи можеме да заклучиме дека ставовите на Пандов се ставови и на Мицковски.

Како се финансирале порталите блиски до Мицковски за време на кампањата прочитајте тука: 

Порталите блиски на партиите лапале и тоа многу за изборите

Јоци по повод изборот на Пандов напиша:

„Мицкоски го избрал Александар Пандов за некаков си претседател на некаков си Патриотски институт. Претпоставувам нивното вмровско членство сега чувствува уште поголема горчина одошто на 16 јули. Претпоставувам станува збор за истиот ,,патриотски институт” викан Пандов кој на 28 јануари годинава на К5 изјави дека нема политичар, кој, ако дојде на власт ќе го смени Преспански, макар и имал 3/3 во Собрание, односно ќе се залага да го врати името ,,Македонија”, доколку сме во процес на влез во НАТО и ЕУ. Вмровското членство следниот ден го направи партал, со очи не сакаат да го видат оттогаш.

И додаде:

Па, ете, вмровци. Отприлика ова ви е тој ,,патриотски претседател”.

Можете слободно да земете книшки од СДСМ, исто ви се фаќа – вашиов патриот уште од јануари ви сугерира да ја соџвакате ,,Северна”.

Човеков ви вели нема никој од партијата да го враќа ,,името” додека сме во процес на полноправна членка на ЕУ. А, ние сме влезени во тој процес. Во НАТО веќе влеговме по неговава изјава.

И, сега утре на протест со Мицкоски и Пандов ќе одите со транспаренти ,,Секогаш Северна” или како ќе правите?!

Дополнително прочитајте уште и:

Јоци: Пандов ја зецементира промената на името во Северна изјавувајќи дека тоа е готова работа

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...